Рутински против Струга за победнички печат на сезоната (33-27)

Тинекс Пролет триумфално ја заврши оваа натпреварувачка сезона откако вечерва рутински славеше во пресметката со Струга со резултат 33-27. Избраниците на Александар Јовиќ одиграа одличен меч во кој целосно доминираа на теренот, шанса за докажување добија и оние помлади ракометари кои со прикажаното покажаа дека на нив може да се смета сериозно и во наредната сезона.

Тинекс Пролет тргна доминантно од самиот почеток, одбраната беше на ниво, а на спротивната страна лесно се наоѓаше патот до мрежата на противникот. Андоновски и Стојановски беа ефикасни во раната фаза на мечот, носејќи водство од 4-1 по нецели четири минути игра, а како што одминуваше времето, така и предноста на домашниот тим се зголемуваше, најпрвин на 6-2, а нешто подоцна и на 12-6. 

Нападот функционираше беспрекорно до крајот на првото полувреме постигнувајќи 20 гола за 30 минути игра и на одмор заминувајќи со предност од 20-14. Убедливата предност овозможи шанса да добијат и помладите ракометари, кои без преголем резултатски притисок можеа да ги покажат своите квалитети. Водството беше рутински одржано до самиот крај, за конечни 33-27 по седмерецот што го одбрани голманот Петковски во самиот финиш од натпреварот.

Крстески и Стојановски со по пет гола ги предводеа стрелците на овој натпревар, по четири постигнаа Тотиќ, Андоновски и Палевски, а со три погодоци мечот го заврши Филип Арсеновски.

Нашиот тим го заврши плејоф натпреварувањето со три победи, освојувајќи го седмото место на табелата во ракометниот шампионат на Македонија за сезоната 2023/24.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести