Пораз од седум гола на дуелот со Охрид (29-22)

Тинекс Пролет претрпе пораз од 29-22 на гостувањето во Охрид, во рамките од 12. коло од ракометниот плејоф на Македонија. Избраниците на Александар Јовиќ не успеаја да му парираат на фаворитот, а одличните дваесетина минути на стартот од второто полувреме беа премалку за да се стигне до позитивен резултат во салата „Билјанини Извори“.

Мечот почна со водство на охриѓани од 1-0, 2-1 и 4-2, а Тинекс Пролет одржуваше неизвесност само до 5-4. Како што одминуваше времето во првиот дел, така Пролет се потешко го наоѓаше патот до мрежата на охридскиот состав. Домаќините беа доволно квалитетни за да го искористат тоа, најпрвин се одлепија на 9-5, а потоа дополнително ја зголемија предноста до 16-10, резултат со кој се замина на полувреме.

Охрид поведе со 17-10 на самиот почеток од вториот дел, но потоа следеше период на далеку подобра игра на Тинекс Пролет. Благодарение на Арсеновски и на младиот Стојановски предноста на домашниот тим се истопи, најпрвин стигнавме до 17-14, а нешто подоцна Пролет дојде на само „минус два“ (22-20). За жал, тоа беше се што ракометарите на Јовиќ успеаја да сторат до крајот на мечот, ако се знае дека Охрид во наредните минути со серија 4-0 повторно резултатски се одлепи, трасирајќи си го патот до удобна победа изразена со конечните 29-22.

Четири ракометари на Тинекс Пролет го завршија денешниот меч со по четири погодоци, и тоа Андоновски, Стојановски, Арсеновски и Палевски.

Во следното коло нашиот тим ќе му гостува на Тиквеш во Кавадарци, по што во последната рунда за оваа сезона ќе ја пречекаме екипата на Струга.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести