Штета: Големата борба недоволна за чудо против Вардар

Ракометарите на Тинекс Пролет одиграа одличен натпревар против фаворитот Вардар, повеќе од 50 минути имаа контрола над резултатот, но за жал потклекнаа во самиот финиш и на крајот претрпеа минимален пораз од 20-21. Ова беше еден од најдобрите мечеви на Тинекс Пролет сезонава, тренерот Јовиќ повеќе од 30 минути настапуваше со дел од помладите ракометари во ростерот, кои и против сериозен ривал како Вардар покажаа дека на нив може да се смета во иднина.

По раната негатива од 2-4 Пролет преку Палевски и Василевски израмни на 4-4, по што се влезе во период со многу грешки и нереализирани напади на двете страни. При 6-6 двете екипи не реализираа пенал, а „постот“ без гол го прекина Доне Мајнов, кој погоди одлично за предност на Тинекс Пролет од 7-6. Гостите не можеа да влезат во ритам, Петковски имаше неколку добри интервенции, па Пролет замина на одмор со водство од 8-6, резултат при кој не реализиравме и напад во последната минута од првото полувреме.

Нашиот тим го контролираше резултатот и на почетокот од второто полувреме. Најубедливото водство го имавме по десетина минути игра во вториот дел, кога поведовме со 12-9, при што не беше искористен и напад за „плус четири“. Вардар успеа да се врати по исклучувањето на Петковски, набрзина израмнувајќи на 13-13. Се играше „гол за гол“ на двете страни, па иако Пролет беше со значително подмладена бековска линија одлично му парираше на двократниот европски шампион. На две минути до крајот резултатот беше израмнет (19-19), но Јасухира и Срдановиќ биеја прецизно кога беше најважно за Вардар, пред Арсеновски во самиот финиш да ги постави конечните 20-21.

Андреј Стојановски одигра одличен натпревар и со пет гола беше најефикасен во таборот ан Тинекс Пролет, по три постигнаа Палевски и Василевски, додека по два пати прецизни беа Андоновски и Арсеновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести