На мегдан со Вардар... што помалку осцилации и загубени топки

Пеколниот ритам на натпревари во ракометниот плејоф продолжува со денешниот домашен дуел против Вардар (18.30 часот, сала „Македонско Сонце“). „Црвено-црните“ ќе ја имаат улогата на фаворит, но целта на Тинекс Пролет секогаш е да се одигра најдобро што се може, особено на домашен терен да се обиде да се замрсат сметките на некој од елитните тимови во плејофот.

Последниот меч со Алкалоид повторно покажа две лица, првите дваесетина минути во кои Тинекс Пролет беше и подобар ривал на теренот, но потоа следеше огромен пад што противникот го искористи за да стигне до убедлива победа. Токму тоа ќе биде главна цел, не само против Вардар, туку и севкупно на сите средби до крајот на сезонава, избраниците на Јовиќ да ги намалат на минимум ваквите огромни осцилации во играта.

„Свесни сме за големината на предизвикот. Вардар одличната форма ја потврди со победата над Е. Пелистер пред неколку дена, јасно е дека ќе бидат фаворити и против нас, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме без борба. Мораме да научиме да играме 60 минути во ист ритам, не смееме да имаме толкави падови во нападот бидејќи во плејофот играме со ривали кои ја казнуваат секоја наша грешка. Против Вардар мораме да бидеме на висина на задачата, да имаме што помалку осцилации и што поголема дисциплина во нападот. Тоа е единствениот начин на кој можеме да му се спротивставиме на овој противник“, порачуваат од таборот на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот меч.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести