Одличен викенд за Тинекс Пролет: Младинците и пионерите по стапките на првата екипа

Изминатиот викенд беше одличен за Тинекс Пролет на резултатски план, нашата прва екипа на гостински терен ја совлада Струга во рамките од плејофот, а значајни победи забележаа и младинската и пионерската екипа на Пролет.

Младинците играа значаен дуел во Битола против Еурофарм Пелистер 2, пресметка што тимот предводен од нашиот Илија Темелковски го доби со 29-30. Триумфот е минимален, но мора да се истакне дека Тинекс Пролет имаше целосна контрола над резултатот, во вториот дел предноста изнесуваше и шест гола, за битолчани пред самиот крај само да го ублажат поразот. Младинскиот тим на Тинекс Пролет се наоѓа на второто место во единствената Младинска лига на Македонија со 41 бода, со три бода предност пред третопласираниот Младост Богданци.

Пионерската екипа на Тинекс Пролет е дел од групата В, каде нашите млади ракометари без никакви проблеми го декласираа скопскиот ривал Бутел со 31-18. Избраниците на тренерот Филип Василевски одиграа одличен меч целосно доминирајќи на теренот, по првиот дел имаа водство од 14-9, за на крајот да слават со убедливи 13 гола разлика.

МЛАДИНСКА ЛИГА:
Е. Пелистер 2 - РК Пролет      29-30

ПИОНЕРСКА ЛИГА, ГРУПА В:
РК Пролет - Бутел                    31-18

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести