Голден Арт е нашиот следен ривал во Купот на Македонија

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групната фаза од Купот на Македонија.

Тинекс Пролет беше извлечен како дел од групата 3, во која се најдоа уште и бранителот на трофејот Вардар, потоа Радовиш и Голден Арт. Веќе е познат и распоредот, па така наш прв противник е скопскиот ривал Голден Арт, по што победникот од овој меч во финалето од групата ќе се сретне со победникот од дуелот Вардар - Радовиш.

Одигрувањето на овие натпревари е закажано за 23/24 март, а победниците од четирите групи традиционално ќе обезбедат пласман на завршниот турнир од Купот на Македонија.

Група 1: Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Мулти Есенс, Тиквеш
Група 2: Бутел, Алкалоид, Вардар Неготино, Струга
Група 3: Пролет, Радовиш, Вардар, Голден Арт
Група 4: Еурофарм Пелистер, Скопје, Охрид, Куманово

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести