Пораз по голема битка на првата контрола со Вардар

Тинекс Пролет ги почна подготовките за вториот дел од сезонава со минимален пораз на денешното гостување против Вардар (28-26). Ова беше прв контролен меч за двата тима зимава, при што тренерите Недановски и Јовиќ им дадоа шанса на сите ракометари да покажат дел од своите квалитети.

Првото полувреме мина во подобра игра на „црвено-црните“, кои одиграа ефикасно во нападот, на одмор заминувајќи со водство од 17-11. Како што одминуваше времето, така и играта на Пролет стануваше се подобра, па избраниците на Јовиќ до самиот крај успеаја да ја намалат негативата на само два гола.

Контролниот дуел со Вардар во секој случај беше добра можност за тренерот Јовиќ на дело да ги види своите избраници, од кои ќе очекува кревање на формата како што ќе минуваат овие подготовки.

Тинекс Пролет во наредниот пријателски натпревар ќе се сретне со скопскиот ривал Голден Арт.
 
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести