Јовиќ прозиваше, Тинекс Пролет ги почна подготовките за плејофот

Тинекс Пролет со денешната прозивка на тренерот Александар Јовиќ и официјално го означи стартот на подготовките за вториот дел од сезоната, во кој нашиот тим ќе се натпреварува во плејофот, каде ќе води битки со најдобрите екипи од македонската ракометна сцена.

Александар Јовиќ пристигна на кормилото на Тинекс Пролет неколку седмици пред крајот на Супер-лигата, а одличниот стратег сега ќе има доволно време за да ги види на дело сите ракометари, но и да помогне за нивна уште подобра физичка подготвеност за периодот што следи.

Планот предвидува во наредниот период да се тренира по два пати дневно, за кондициска подготовка ќе се работи со кондицискиот тренер Мартин Мојсовски, а договорени се и четири контролни средби, по две со градските ривали Вардар и Голден Арт.

На првиот ден од подготовките се појави и новото засилување на Тинекс Пролет, левиот бек Никола Анакиевски кој пристигна од редовите на Аеродром.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести