Македонскиот ракомет денеска тагува по Силјан Мицевски,кој почина во Битола на 78-годишна возраст., завивајќи го во тага градот на конзулите.
Долгогодишниот бизнисмен и спортски работник со чие име се поврзани најголемите успеси на РК Пелистер.Со Мицевски како претседател Пелистер стана југословенски гигант, се бореше со најдобрите европски екипи и постави култ каков што нема на овие простори, па и во Европа. Со Мицевски на чело Пелистер дојде на чекор до титула во најсилната лига во светот - југословенската лига, првпат играше во Европа, првпат за игра во Лигата на шампионите, освои пет титули шампион на Македонија и ја предизвика страста на цел еден град за ракометот, како култ на кој сите му завидуваат. Љубовта кон вистинските вредности и спортот ја пренесе на неговото семејство, кое и денес со успех го води клубот.
Ракометниот клуб Тинекс Пролет им изразува искрено сочувство на семејството на Силјан Мицевски и на сите членови на РК Еурофарм Пелистер.