Тинекс Пролет на мегдан со Бутел, по печат на билетот за плејофот

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска во 18.30 часот на домашен терен против Бутел го играат последниот меч од Супер-лигата за оваа натпреварувачка сезона, Избраниците на тренерот Александар Јовиќ имаат два бода предност во однос на Голден Арт во трката за четвртото место кое води во плејоф разигрувањето. Ова практично значи дека Тинекс Пролет и со реми денеска дефинитивно останува четврти во групата, а Голден Арт мора во последното коло да го совлада лидерот Вардар и да се надева на наш пораз од Бутел за да стигне до плејофот.

Првиот меч меѓу Бутел и Тинекс Пролет сезонава мина со неочекувано лесно и убедлива победа за противникот од 33-26, што ќе биде само мотив повеќе за вечерва на домашен терен да се стигне до реванш, за победнички крај на овој дел од сезоната.

„Пресметките со Бутел секогаш биле неизвесни и интересни, очекувам такво нешто и на денешниот натпревар. Многу работи се променија од тој последен пораз од скопскиот ривал, верувам дека денеска ќе бидеме на посакуваното ниво и ќе стигнеме до триумф, со кој ќе се пласираме во плејофот. Рецептот кога се игра против Бутел е добро познат, мораме да бидеме цврсти во одбраната, не смее да ни се повтори тој последен меч кога примивме 33 гола.Имаме значителен напредок во формата, се адаптиравме на тактичките замисли на новиот  тренер Јовиќ и верувам дека тоа ќе биде забележливо на терен на вечерашниот натпревар“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести