Пораз на гостувањето против Еурофарм Пелистер (32-21)

Тинекс Пролет не успеа посериозно да му се спротивстави на шампионот Еурофарм Пелистер, губејќи на денешното гостување во Битола со 32-21 во рамките од претпоследното коло од Супер-лигата. Солидниот отпор траеше само дваесетина минути, по што „пелистерци“ ја демонстрираа разликата во квалитет на терен и заслужено стигнаа до убедлива победа.

;Мартин Димов донесе почетно водство во првата минута, а потоа благодарение на Андоновски и на Арсеновски игравме „егал“ до 5-5. Еурофарм Пелистер во тој момент заигра далеку подобро во одбраната, по што домашниот состав влезе во серија и набрзина поведе со 10-5. Тинекс Пролет за момент се консолидираше и намали на 12-9, но завршницата од првиот дел мина во знакот на битолските ракометари, кои на одмор заминаа со водство од 18-12. 

Тинекс Пролет катастрофално го почна второто полувреме што домаќините го отворија со серија од 6-0, експресно поведувајќи со 24-12. Отпорот беше целосно скршен, па до крајот на мечот се играше егал, без преголем притисок во одбраните на двете страни, за овој меч да заврши со конечни 32-21. 

Арсеновски беше најефикасен во нашиот табор со пет гола, четири постигна Андоновски, а три Димковски. 

Тинекс Пролет е четвртопласиран на едно коло до крајот на Супер-лигата, со два бода предност во однос на Голден Арт на петтата позиција. За пласман во плејофот доволен ни е бод во последното коло на домашен терен од Бутел, или Голден Арт да не триумфира во својот последен меч против екипата на Вардар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 623
2МРК Куманово2
3РК Прилеп2
4РК Струга1
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести