Достоен отпор во поразот од фаворитот Вардар (24-28)

Тинекс Пролет не успеа да направи подвиг, губејќи на домашен терен од екипата на Вардар со резултат 24-28. Нашите ракометари дваесетина минути умешно му парираа на фаворитот, но немаа сили да го издржат темпото во финишот од првиот дел, кога практичќно и беше загубен овој дуел. Мора да се истакне дека на овој дуел настапивме без искусните Пецаковски и Василевски, како и без повредениот пивот Николовски, но и со лимитиран ростер во големи делови од натпреварот целосно му париравме на големиот противник.

Пролет одлично го отвори натпреварот и благодарение на трите гола во првите пет минути на капитенот Ласко Андоновски стигна до рано водство од 3-1, неколку минути подоцна и од 4-2. Ситуацијата се промени по исклучувањето на Стојановски, по кое Вардар набрзина постигна три гола во серија и поведе со 4-5. Избраниците на Темелковски одиграа квалитетно во нападот и умешно парираа, играјќи во егал до 8-8. До огромен пад дојде во последните десетина минути од полувремето, кога од 10-11 Тинекс Пролет до заминувањето на одмор не успеа да постигне ниту еден гол. Темелковски побара тајмаут при 10-13, но ситуацијата на теренот не се промени, па по првото полувреме Вардар веќе имаше убедливи 10-17.

Црната серија беше прекината со голот што на почетокот од вториот дел го постигна Андоновски, но проблемите со загубените топки во нападот зачестија, па Вардар со неколку лесни голови од контранапад поведе со 15-23. Како што одминуваше времето гостите се задоволуваа со осигураната победа,а Пролет го искористи тоа, одигра подобро во завршните минути и до крајот го намали резултатот до конечните 24-28.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести