Илија Темелковски ќе го води Тинекс Пролет во Прилеп

Ракометниот клуб Тинекс Пролет сака да ја информира јавноста дека нашата клупска легенда, Илија Темелковски, ќе ја води екипата на претстојното гостување во Прилеп закажано за петок. 

Тренерот Алексо Лембанов си поднесе оставка од функцијата по шокантниот пораз од Вардар Неготино, но управата се уште нема донесено одлука дали истата да биде прифатена. За да не бидат донесени брзоплети решенија, одлучивме за истата да се дискутира за време на паузата поради ЕХФ-неделата, a во меѓувреме тимот во Прилеп ќе го предводи Темелковски.



Поранешниот македонски селектор е една од најголемите клупски легенди на Тинекс Пролет и немаме сомнеж дека ќе успее да го извлече максимумот од играчкиот кадар што го има на располагање и ќе дојде до позитивен резултат, со кој би си го зацврстиле местото кое води во плејофот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести