Одлична игра и рутински триумф над Мулти Есенс (32-27)

Тинекс Пролет експресно се врати на победите во Супер-лигата откако вечерва без посериозни проблеми славеше над составот на Мулти Есенс со 32-27. Мечот мина во апсолутна доминација на избраниците на тренерот Лембанов, кои само потврдија дека и квалитетот и искуството се на нивна страна и заслужено прокнижија нови бодови на табелата. 

Од самиот почеток стана јасно дека грешките од поразот од Мулти Есенс на турнирот во Прилеп нема да се повторат, Тинекс Пролет максимално сериозно и ангажирано влезе во мечот, наметнувајќи темпо што младиот состав на Мулти Есенс не можеше да го следи. Цврстата одбрана беше заштитен знак на Тинекс Пролет, па при водство од 10-4 на нашиот тим, гостинскиот тренер беше принуден да побара тајмаут. Домашниот состав одговори со водство од 12-4, а откако гостите врзаа два гола, Лембанов побара минута одмор за да ги консолидира редовите на својот тим. Советите вродија со плод, па Тинекс Пролет заигра уште подобро до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со 17-10.

Супериорното издание продолжи и од стартот на второто полувреме, во кое предноста ескпресно беше крената на 22-13, за на десетина минути до крајот Тинекс Пролет да стигне и до двоцифрена позитива (27-17). Удобното водство овозможи шанса во финишот да добијат дел од помладите ракометари, но триумфо во ниту еден момент не беше доведен во прашање, на крајот изразен со конените 32-27.

Давор Палевски ги предводеше стрелците со шест гола, по пет постигнаа Василевски и Арсеновски, додека четири пати прецизен беше Виктор Додевски.

Тинекс Пролет во следното коло го очекува уште една градска пресметка со тимот на Голден Арт.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести