Тинекс Пролет ја доби битката со Прилеп (30-25)

Тинекс Пролет во второто суперлигашко коло ја забележа и втората победа, триумфирајќи на домашен терен над Прилеп со 30-25. Гостите се покажаа како незгоден ривал што неслучајно во првото коло го изненади Бутел, но Тинекс Пролет имаше и искуство и квалитет за да не дозволи изненадување во „Македонско Сонце“, на крајот славејќи заслужено со конечни пет гола разлика.

Прилепчани имаа минимално водство од 1-2 и 2-3, на што Тинекс Пролет одговори со три гола во низа и водство од 5-3. По голот и изнуденото исклучување од капитенот Андоновски, тимот на Тинекс Пролет поведе со 9-6, а тренерот на Прилеп побара тајмаут. Гостите се приближија до 10-8 и 11-9, но потоа следеа нови три гола во серија на Пролет и ново резултатско одлепување, по што на одмор се замина со предност од 17-13.

Неочекувано, второто полувреме почна со доминација на прилепчани, нашите ракометари нецели десет минути немаа постигнато гол, а гостите го искористија тоа за да стигнатдо израмнување од 17-17. Доне Мајнов го прекина налетот на противникот, потоа важни погодоци постигнаа и Димковски и Андоновски, по што се играше израмнето се до помалку од десет минути до крајот. Прилеп парираше до 24-23, но завршницата мина во знаткот на Тинекс Пролет, цврстата одбрана даде резултат, беа постигнати и лесни голови на спротивната страна, за конечен триумф од 30-25. 

Давор Палевски ги предводеше стрелците со пет гола, по четири постигнаа Арсеновски, Димковски, Пецаковски и Андоновски.

Тинекс Пролет во рамките од третото коло ќе му гостува на тимот на Вардар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести