Тинекс Пролет го освои седмото место на турнирот „Миле Нешкоски“

Екипата на Тинекс Пролет го освои седмото место на турнирот „Миле Нешкоски“ што во изминатите четири дена се одржуваше во Прилеп. Денеска, во натпреварот за пласман нашиот тим беше подобар од екипата на Скопје, триумфирајќи со 27-23.

Тренерот Лембанов реши на овој натпревар да им даде шанса на сите ракометари во ростерот, а оние најмладите добро ја искористија добиената минутажа. Победата беше осигурана уште во првото полувреме во кое Тинекс Пролет доминираше и поведе со убедливи 15-9. Во вториот дел темпото на игра малку опадна, но победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање и триумфот беше рутински осигуран.

Првото место на турнирот му припадна на српскиот клуб Дубочица кој во финалето славеше над Мулти Есенс со убедливи 30-21.

РК Тинекс Пролет му честита на победникот, како и на домаќинот за беспрекорната организација на овој меморијален турнир.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести