Пецаковски останува столб на одбраната на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет задржа уште еден значаен ракометар во своите редови откако денеска беше потпишан нов договор со Дејан Пецаковски.

Долгогодишниот репрезентативец на Македонија му се приклучи на Тинекс Пролет во јуни 2020 година и оттогаш е значаен првотимец во нашиот клуб, наметнувајќи се како командант на одбраната во последните неколку сезони. Искуството, цврстината и квалитетот беа доволна препорака дека овој 37-годишен ракометар се уште може да игра на високо ниво, по што беше најден заеднички јазик за продолжување на меѓусебната соработка.

Со задржувањето на Пецаковски, како и со потпишаните договори со засилувањата Арсеновски и Николовски, станува јасно дека цврстата одбрана ќе биде заштитен знак на нашиот тим и во новата натпреварувачка сезона, во која Тинекс Пролет повторно ќе атакува на висок пласман.

За потсетување, покрај трансферите на Арсеновски и на Николовски, Тинекс Пролет успеа да ги задржи клучните играчи од ланската сезона, потпишувајќи нови договори со голманите Михаљевиќ и Петковски, кои бранеа одлично во изминатиот период, како и со најдобриот стрелец Давор Палевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести