Петковски уште две години на голот на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет успешно финализираше уште едни преговори, откако беше најден заеднички јазик со Андреј Петковски за овој голман да остане во клубот уште најмалку две сезони.

Петковски пред две години дојде во Тинекс Пролет и прикажуваше добри игри во дресот на нашиот клуб, а ланската сезона формираше одлично тандем заедно со црногорскиот интернационалец Михаљевиќ. Токму затоа, управата на клубот имаше зацртана цел да ги задржи двајцата чувари на мрежата, успевајќи во својата намера со договорите потпишани најпрвин со Михаљевиќ, а сега и со Петковски.

„Презадоволни сме од развојот на Петковски во нашиот клуб, партиите што ги прикажува и професионалноста на тренинзите и на натпреварите. Како клуб сме горди на голманскиот тандем што го имаме, веруваме дека од Петковски и од Михаљевиќ ќе добиеме значајна поддршка и во новата сезона, во која повторно ќе атакуваме на висок пласман“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Тинекс Пролет продолжува со потрагата по нови засилувања, а предвидено е до почетокот на подготовките на тимот да му се приклучат двајца нови ракометари.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести