Тинекс Пролет ќе биде дел од групата Б во новата сезона од ракометната Супер-лига на Македонија, откако нашиот клуб со денешната ждрепка беше сместен во исто друштво со новиот шампион на Македонија, РК Еурофарм Пелистер, како и со ланскиот првак Вардар.
Покрај овие два тима, кои ќе водат битка за највисок пласман во групата, ривали на Тинекс Пролет ќе бидат уште и Бутел, Прилеп, Вардар Неготино и новиот суперлигаш Мулти Есенс.
Новата сезона ќе стартува на почетокот од месец септември, а во рамките од првото коло Тинекс Пролет на домашен терен ќе го пречека составот на Вардар Неготино.
ГРУПА А: Алкалоид, Тиквеш, Охрид, Е. Пелистер 2, Струга, Куманово, Скопје, Аеродром
ГРУПА Б: Еурофарм Пелистер, Вардар, Бутел, Пролет, Г.А., Прилеп, Вардар Неготино, Мулти Есенс.