Филип Арсеновски е првото засилување на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет го договори првото засилување за новата натпреварувачка сезона, потпушувајќи со Филип Арсеновски.

24-годишниот пивот денеска го стави потписот на договорот со Тинекс Пролет, иако за неговите услуги беа заинтересирани уште неколку клубови од Суперлигата на Македонија.

Арсеновски е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Неколку сезони го носеше дресот на Металург од каде во 2020 година се пресели во редовите на Еурофарм Пелистер. До почетокот на оваа година настапуваше за тимот на Еурофарм Пелистер 2, по што се пресели во швајцарскиот прволигаш Амичитиа Цирих од каде сега доаѓа во нашиот клуб.



Овој ракометар се очекува да биде достојна замена за Михаил Аларов кој пред неколку месеци го напушти Тинекс Пролет и се пресели во редовите на Вардар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести