Младинците на Тинекс Пролет го решија Мулти Есенс за пласман на фајналфор

Младинскиот тим на Тинекс Пролет оствари одличен успех пласирајќи се на фајналфор турнирот во младинска конкуренција, откако синоќа во драматичен меч го совлада составот на Мулти Есенс со 30-31. Скопскиот ривал важеше за фаворит бидејќи во лигашкиот дел заврши како првопласиран во својата група, но младите играчи предводени од тренерот Лембанов покажаа карактер и квалитет, со голем пресврт стигнувајќи до победа на теренот на противникот, во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Противникот има за што да жали, ако се знае дека Мулти Есенс во 45. минута имаше пет гола предност. Тогаш почна одличната серија на Тинекс Пролет, па за само неколку минути предноста на противникот се истопи. Во драматичен финиш Пролет поведе, домаќините успеаја да израмнат во последната минута, но потоа Димковски стрелаше прецизно на осум секунди до крајот. Противничкиот тренер Ангеловски побара тајмаут, но Пролет и со пет играчи во поле успеа да се одбрани и да стигне до победата.

Фајналфор турнирот во младинска конкуренција ќе се игра во Богданци, каде ривал на Тинекс Пролет во полуфиналето ќе биде Бутел. Во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Голден Арт од Скопје и домаќинот Богданци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести