Атмосферата во редовите на Тинкес Пролет е на највисоко ниво откако се продолжи со серијата одлични настапи по пласманот на Ф4 во Купот на Макеоднија беше забележана и првата плеј-оф победа на домашен терен против Охрид.
Капитенот Ласко Андоновски беше херој на натпреварот постигнувајќи го клучниот гол за огромна радост во нашиот тим и заслужена победа над силниот противник.
Охриѓани се квалитетен тим со европски амбиции, но Пролет покажа дека и со подмладен тим и со македонски играчи може да се победува во плеј-офот.
„Многу важна победа за нас. Не е мала работа да се победи екипа како Охрид со искусни играчи во своите редови, играчи склопена за пласман во Европа. Формата ни се движи во нагорна линија и знаевме дека ќе побдедиме барем еден меч во плеј-офот и пресреќен сум што се случи тоа со Охрид. Ова е многу важно за нашите млади играчи, да видат дека со посветеност и макотрпна работа можат да играат против сите и да победуваа“, изјави Андоновски.
Нема време за одмор за ракометарите на Тинекс Пролет, а веќе утре ги чека скопска пресметка со Бутел во 18 часот.
„Бутел е тим што добро го познаваме и максимално го респектираме. Наше е да излеземе на терен и да одиграме најдобро што знаеме, се надевам дека тоа ќе биде доволно да продолжиме со серијата добри резултати“, вели Андоновски пред мечот.