Силен отпор и пораз од фаворитот Еурофарм Пелистер (32-26)

Тинекс Пролет не успеа да приреди изненадување на вечерашното гостување против Еурофарм Пелистер, губејќи на вечерашното гостување против актуелниот вицешампион на Македонија со резултат 32-26. Младиот тим на тренерот Лембанов во големи делови од натпреварот беше достоен ривал на големиот фаворит, но поголемото искуство на битолчани се покажа како пресуден фактор за бодовите да останат во „градот на конзулите“.

Првото полувреме мина во знакот на домашниот тим. Ракометарите на Еурофарм Пелистер го отворија мечот со водство од 5-2, по што знаеја како да ја задржат предноста. Предноста на домашниот состав се движеше меѓу два и шест погодоци, за на одмор да се замине со „плус четири“ за „пелистерци“ (19-14). Цврстата одбрана беше наш заштитен знак на почетокот од второто полувреме, што Тинекс Пролет го отвори со серија од три гола и намали на 19-17. Ваквиот старт ја зголеми самодовербата во младиот тим на Тинекс Пролет, кој во голем дел од второто полувреме целосно му парираше на Еурофарм Пелистер. Битолчани сепак не дозволија целосен камбек, па по 24-21 и 25-22 домашните ракометари успеаја да се одлепат во последните десетина минути и да слават со конечни 32-26.

Ласко Андоновски одигра капитенски и го предводеше Тинекс Пролет со осум погодоци, шест гола постигна Василевски, а три пати прецизен беше младиот Фичорски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести