Алкалоид е нов предизвик за младиот Тинекс Пролет во плејофот

Ракометарите на Тинекс Пролет ги продолжуваат настапите во плејофот од македонскиот шампионат, со денешното гостување во салата Автокоманда против екипата на Алкалоид (19 часот). Ова е дуел на два тима кои се без победа во првите две кола од плејофот (Алкалоид има едно реми и еден пораз), што сигурно ќе биде мотив за ракометарите на двете екипи да се претстават во што подобро издание.

Тинекс Пролет остана со значително подмладен состав за вториот дел од сезоната, но не отстапува од клупската филозофија за давање на шанса на домашни ракометари наместо носење на што повеќе странски засилувања. Денешниот натпревар воедно ќе биде и прв за нас на кој од спротивната страна ќе го имаме репрезентативецот Иван Џонов, кој целата досегашна кариера ја мина во дресот на нашиот клуб, за зимава да се пресели во таборот на Алкалоид. 

„Станува збор за дуел со наши спортски пријатели, но тоа ќе го оставиме на страна кога ќе поне натпреварот. Како што веќе најавивме, целта на Тинекс Пролет е да игра што подобро, да ја крева формата од натпревар во натпревар и да се обиде да стигне до победа. Не отстапуваме од клупската филозофија со млади играчи и веруваме дека и со ваков тим ќе успееме да се радуваме во овој плејоф. Алкалоид е ривал што го респектираме, но сигурно не се плашиме од него. Ќе дадеме се од себе за да одиграме квалитетен натпревар, ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за да се стигне и до позитивен резултат“, порачуваат ракометарите на Тинекс Пролет пред овој натпревар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести