Пораз на домашен терен од Тиквеш (24-29)

Тинекс Пролет не успеа да стигне до првите бодови во ракометниот плејоф откако во рамките од второто коло нашата екипа беше поразена на домашен терен од Тиквеш со резултат 24-29. Избраниците на тренерот Лембанов цел натпревар беа во резултатска негатива, па иако покажаа карактер и за момент успеаја да се вратат, сепак немаа сили за целосен пресврт против кавадаречкиот клуб. 

Тиквеш тргна моќно од самиот почеток и за само неколку минути предводен од Мартин Димовски успеа да поведе со 1-4. Тинекс Пролет реализираше преку Димковски и Василевски и намали на 3-5, но Тиквеш умешно ја одржуваше предноста на овој натпревар. Кавадарчани беа подобар противник во финишот од полувремето, кога повторно успеаја посериозно да се одлепат резултатски и да поведат со 9-15, пред Тинекс Пролет преку Палевски да намали на 11-15, резултат со кој се замина на одмор.

Тиквеш беше подобар ривал на стартот од вториот дел, стигна до предност од 12-18, но како што одминуваше времето, така предноста на гостите од Кавадарци се топеше. Капитенот Ласко Андоновски влезе во ритам во нападот постигнувајќи серија погодоци, по што негативата се намали на само два гола (22-24). За жал, младиот состав на Тинекс Пролет немаше сили за целосен камбек, па Тиквеш рутински ја задржа предноста до самиот крај и славеше со конечни 24-29. 

Давор Палевски беше најефикасен со седум погодоци, пет постигна Ласко Андоновски (сите во второто полувреме), четири пати прецизен беше Димковски, а три гола реализираше Додевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести