Победа на контролниот натпревар против Голден Арт (35-31)

Тинекс Пролет продолжува со победите во подготвителниот период, откако по триумфот над Јуниор КВ од 30-27, нашиот тим денеска славеше над скопскиот ривал Голден Арт со резултат 35-31. Тренерот Лембанов не можеше да смета на неколку повредени играчи, шанса повторно добија дел од помладите ракометари, кои ќе понесат дел од товарот и во вториот дел од сезоната, во кој Тинекс Пролет ќе се натпреварува во плејофот од македонскиот шампионат.

Првото полувреме донесе ефикасен ракомет на двете страни, нешто поумешни беа ракометарите на Тинекс Пролет, кои на одмор заминаа со водство од 16-13. Голден Арт заигра нешто подобро во вториот дел, па кон средината на второто полувреме нашиот противник направи пресврт и поведе со два гола предност. Пролет сепак се рабуди кога беше најважно, го сврте резултатот во своја полза и на крајот славеше со конечни и заслужени „плус четири“.

Тинекс Пролет в среда ќе одигра контролен натпревар со тимот на Вуштрија од Косово, каде тренер е македонскиот стратег Ристо Магдинчев, а серијата пријателски средби пред продолжението од сезоната ќе ја завршиме со саботниот дуел со РК Бутел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести