Македонија славеше со 38-33 на првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора што нашиот национален тим го одигра во Маврово, како дел од подготовките за СП 2023.
Ракометарите на Тинекс Пролет, Томи Јагуриновски и Иван Џонов, беа дел од македонскиот состав и дадоа свој придонес во победата. Јагуриновски беше стартер на мечот, Џонов влезе во игра во текот на мечот, како во првото, така и во второто полувреме.
И Џонов и Јагуриновски постигнаа по два погодоци, но и изнудени пенали и асистенции до соиграчите.
Се очекува тие да настапат и на вториот меч што на програмата е утре, а потоа и да се најдат на финалниот список на патници за СП во Краков.