Распоред за плејофот: Тинекс Пролет почнува против Вардар, завршува со Еурофарм Пелистер 2

Тинекс Пролет ќе пренесе два бода во плејофот од македонскиот шампионат, со што заедно со Алкалоид се наоѓа на делба на третото место на самиот старт од ова натпреварување, зад Вардар и Еурофарм Пелистер, кои пренесуваат по три бода пред битките за највисок пласман.

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беше извршена ждрепка за утврдување на распоредот во плејоф натпреварувањето, што ќе стартува кон средината на месец февруари.

Тинекс Пролет во првото коло ќе ја има најтешката задача, гостување против актуелниот шампион Вардар, по што ќе следи домашен меч со Тиквеш, па градска пресметка со Алкалоид.

Во последното коло тимот на Тинекс Пролет ќе гостува со Еурофарм Пелистер 2, ривал против кого имавме две победи во рамките од Супер-лигата оваа сезона.


РАСПОРЕД НА ТИНЕКС ПРОЛЕТ

1. КОЛО: Вардар - Пролет
2. КОЛО: Пролет - Тиквеш
3. КОЛО: Алкалоид - Пролет
4. КОЛО: Е. Пелистер - Пролет
5. КОЛО: Пролет - Охрид
6. КОЛО: Бутел - Пролет
7. КОЛО: Е. Пелистер 2 - Пролет

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид0
2Вардар0
3Е. Пелистер0
4Бутел0
6Куманово0
6Пролет0
7Бисинов0
8Струга0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Охрид0
12Тиквеш0

Најнови вести

Архива на вести