Џонов: Со добрите игри од Пролет да продолжам и во дресот на Македонија

Иван Џонов продолжува со одличниот ракометен развој, што беше забележан и од селекторот Кире Лазаров, кој го вклучи бекот на Тинекс Пролет на списокот за подготовки за СП 2023 во Полска и во Шведска.

Џонов минатото лето настапи на Медитеранските Игри, а пред неколку месеци настапи за сениорската репрезентација против Луксембург и Турција, на стартот од квалификациите за ЕП 2024. Тој воедно е меѓу најдобрите ракометари на Тинекс Пролет во првиот дел од сезонава, а 25-годишниот бек се надева дека серијата добри игри ќе ја продолжи и во репрезентативниот дрес.

„Повикот на селекторот многу ми значи и можам да кажам дека ќе сторам се за максимално да ги одработам овие подготовки. Се чувствувам одлично, играм во добра форма на клупски план, се надевам дека добрите игри од Тинекс Пролет ќе ги продолжам и во дресот на репрезентацијата. Имаме доволно време за подготовки и воигрување, ќе одиграме и четири пријателски натпревари со кои очекуваме максимално подготвени да го дочекаме светскиот шампионат. Таму групата е добро позната и нималку лесна, но ние ќе дадеме се од себе за да оствариме најмалку една победа во Краков“, вели Иван Џонов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести