Тинекс Пролет реди победи во Супер-лигата: Рутински триумф и над Радовиш (34-29)

Триумфалната серија на Тинекс Пролет во Супер-лигата продолжи со денешниот триумф против екипата на Радовиш, изразен со конечни 34-29. Ремито во првиот круг од натпреварувањето со истиот противник беше доволно предупредување, па денеска Тинекс Пролет одигра квалитетен дуел, не дозволувајќи победата во ниту еден момент да биде доведена во прашање. 

Гостите водеа само со почетните 0-1, за Тинекс Пролет потоа да преземе целосна контрола над играта и резултатот. Избраниците на Лембанов беа ефикасни во нападот и набрзина стигнаа до четири гола предност (9-5). Радовиш намали на 9-7, но следеше нова мини-серија на домашниот состав, по што на одмор се замина со водство на Тинекс Пролет од 19-16. Одличен во овој период од натпреварот беше Михаил Аларов, со пет постигнати погодоци во првото полувреме.

Тинекс Пролет на стартот од второто полувреме зголеми на 20-16, но следеше серија на гостинскиот состав и намалување на резултатот на 20-19. Сепак, во вистински момент проработе одбраната на домашниот состав, тоа придонесе да дојде и до лесни голови на спротивната страна, по што Тинекс Пролет повторно се одлепи резултатски, контролирајќи го резултатот до самиот крај и триумфирајќи со 34-29. 

Аларов беше најефикасен на натпреварот со шест постигнати гола, пет пати прецизен беше Џонов, четири гола постигна Јагуриновски, а по три Џонов и Тотиќ.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 623
2МРК Куманово2
3РК Прилеп2
4РК Струга1
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести