Младинците на Тинекс Пролет со супериорен старт во новата сезона

Младинската екипа на Тинекс Пролет импресивно ја стартуваше новата сезона, откако во рамките од првото коло го совлада составот на Прилеп со убедливи 39-20. 

Тинекс Пролет доминираше од самиот старт, на одмор замина со водство од 15-11, за во вториот дел целосно да издоминира во однос на противникот, со 24 постигнати и само девет примени погодоци, за импресивни „плус 19“ во премиерниот дуел од новата сезона. Андреј Стојановски беше најдобар стрелец во нашиот табор со девет постигнати погодоци, додека Марин Стојановски го заврши мечот со шест гола.

Во рамките од второто коло младинците на Тинекс Пролет ги очекува дерби дуел со градскиот ривал Бутел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести