Џонов: Радува карактерот на тимот, заигравме најдобро кога беше најпотребно

Иван Џонов беше меѓу најзаслужните за камбекот на Тинекс Пролет на гостувањето против Тиквеш, дуел што заврши без победник (24-24). Кавадарчани имаа предност од три гола до петнаесетина минути до крајот, кога токму Џонов со неколку погодоци и едно изнудено исклучување го врати својот тим во ритам и го предводеше камбекот на Тинекс Пролет во Кавадарци.

„Враќањето во мечот се должеше на одличната колективна игра. Го променивме системот на игра во одбраната, од 6-0, во 5-1, додека во нападот реализиравме неколку шанси што ги создадовме, а што не ги претворивме во голови во првото полувреме. Она што најмногу радува е карактерот што го покажавме, заигравме најдобро кога беше најважно. Не е нималку лесно да се остане непоразен во Кавадарци, а ние успеавме во тоа, притоа пропуштајќи и шанси за победа“, изјави Џонов.

Следен предизвик за Тинекс Пролет е гостувањето против градскиот ривал Скопје, последен меч пред паузата поради претстојата ЕХФ-недела.

„Се наоѓаме во добра форма и сакаме да продолжиме со квалитетни партии. Нема да дозволиме опуштање против Скопје како што тоа беше случај на гостувањето во Радовиш, сите сме максимално мотивирани да стигнеме до нова победа и да останеме без пораз до претстојата пауза за репрезентативните натпревари“, вели Иван Џонов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Е. Пелистер38
2Алкалоид38
3Вардар38
4Охрид30
5Тиквеш23
6Бутел22
7Пролет17
8Прилеп17
9Куманово10
10Борец8
11Струга7
12Радовиш4

Најнови вести

Архива на вести