Голема борба и заслужен бод во Кавадарци (24-24)

Тинекс Пролет освои значаен бод во борбата за висок пласман на гостувањето против директниот ривал Тиквеш во Кавадарци, ремизирајќи 24-24. Во натпревар што мина во цврста игра на двете страни и спортска борба на теренот, домашниот тим имаше контрола над резултатот во голем дел од дуелот, но Тинекс Пролет блесна кога беше најважно, се врати од три гола негатива во завршните петнаесетина минути и заслужено избегна пораз. 

Нашиот тим прв дојде во водство преку Аларов за 0-1, а нешто подоцна имаше минимална предност и при 2-3 и 3-4. Тиквеш успеа да се врати и благодарение на нешто подобрата игра во одбрана го сврте резултатот во своја полза, поведувајќи со 9-6. Тајмаутот што го побара Лембанов вроди со плод, Тинекс Пролет ја стабилизираше играта, почна умешно да реализира преку Аларов и Ласко Андоновски, принудувајќи го домашниот тренер на тајмаут.

На одмор се замина со предност на Тиквеш од 14-12, a потоа резултатот во првиот дел од второто полувреме се движеше меѓу два и три гола предност за домашниот состав. Тинекс Пролет се разбуди во вистински момент, кога Џонов го иницираше камбекот со неколку важни погодоци и едно изнудено исклучување. Во самиот финиш Тинекс Пролет имаше два напади за целосен пресврт и победа, но домаќините се одбранија и овој интересен натпревар заврши без победник.

Само шестмина различни ракометари на Тинекс Пролет се запишаа меѓу стрелците на овој дуел, најефикасен беше капитенот Ласко Андоновски со шест, пред Аларов и Палевски со по пет, Џонов постигна четири, Јагуриновски три, а Мартин Димов еден гол во Кавадарци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести