Трагична вест утрово го потресе македонскиот ракомет, откако на 47-годишна возраст почина познатиот македонски тренер Андон Бошковски. Станува збор за стратег кој успешно работеше во бројни македонски клубови, а последниот ангажман во мак-ракометот го имаше токму во Тинекс Пролет, во првиот дел од ланската натпреварувачка сезона.
Бошковски беше роден на 5 октомври 1974 година. Како играч настапуваше за составот на Работнички и за кадетската репрезентација на Македонија пред млад да ја заврши играчката кариера поради повреда на раката.
Работеше како тренер во Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш и Тинекс Пролет. Последниот ангажман го имаше на Косово. Беше дел и од стручниот штаб на ракометната репрезентација на Македонија каде работеше во периодот од 2008 до 2013 година.
Ракометниот клуб Тинекс Пролет изразува сочувство до семејството и најблиските.