Несреќно реми во Радовиш (27-27)

Тинекс Пролет не успеа да ја оправда фаворитката улога на гостувањето против Радовиш, ремизирајќи 27-27 во дуел во кој победата се лизна буквално во последната секунда. Во меч со многу осцилации Тинекс Пролет беше на чекор до триумф откако поведе со 25-27 на една минута до крајот, но и тоа се покажа недоволно за да се стигне до цел плен.

Од самиот почеток стана јасно дека дуелот нема да биде нималку лесен, откако Радовиш влезе во добар ритам во нападот, лесно наоѓајќи решение за одбранбената зона на Тинекс Пролет. Нашиот тим само за момент имаше два гола водство (3-5), пред крајот на полувремето Тинекс Пролет поведе и со 11-13, но падот на концентрацијата придонесе Радовиш да биде тимот што ќе замине на одмор со два гола предност (17-15).

Второто полувреме почна со украдена топка и гол на Џонов, веќе во следната минута пенал одбрани Петковски, но Тинекс Пролет се уште се мачеше да влезе во ритам. Паунов бранеше одлично на голот на Радовиш, помагајќи му на својот тим да стигне до водство од 25-22 на девет минути до крајот. Тинекс Пролет конечно заигра како што му доликува, во наредните осум минути постигнувајќи пет и не примајќи ниту еден погодок (Петковски имаше уште еден одбранет пенал). Сепак, концентрацијата падна кога беше најважно, па иако имаше водство од 25-27 и напад на нешто повеќе од минута до финишот, скопскиот клуб не успеа да го приведе мечот до крајот. Вјештица намали на 26-27, пред Постолов, со удар преку живиот ѕид од девет метри во последната секунда да донесе огромна радост на домаќините, но и тага во таборот на Тинекс Пролет.

Иван Џонов беше најефикасен поединец со шест постигнати гола за Тинекс Пролет, по пет постигнаа Димов и Андоновски, а четири пати прецизен беше Аларов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести