Џонов пред Радовиш: Квалитетот е на наша страна, но пристапот мора да биде сериозен

Тинекс Пролет има максимални шест бода по првите две кола од стартот на Супер-лигата, серија што нашиот тим ќе се обиде да ја продолжи и на денешното гостување во Радовиш (19 часот). Станува збор за противник со кого традицијата е целосно на страната на Тинекс Пролет, со десет победи на последните десет меѓусебни дуели, но на избраниците на тренерот Лембанов им е јасно дека никако не смее да дојде до потценување на радовишани.

Атмосферата во тимот е на највисоко ниво по стартните победи, но ракометарите на Тинекс Пролет се свесни дека вистинските предизвици сезонава допрва следат.

„Пред нас е натпревар на кој се очекува да победиме, но тоа ќе го сториме само доколку одиграме максимално од почеток до крај. Квалитетот е на наша страна, но за тоа да го покажеме ќе мораме да бидеме со сериозен пристап во текот на сите 60 минути. Го анализиравме противникот, тоа е воглавно истата екипа што настапуваше ланската сезона, со промена на еден странски ракометар. Го почитуваме Радовиш како и секој противник, дефинитивно нема да го потцениме и свесни сме дека клучно е да бидеме фокусирани на сопствената игра и да не дозволиме пад во концентрацијата. Победничкиот старт на сезоната уште повеќе ја крена атмосферата во екипата и сакаме да продолжиме во ист стил и на натпреварите што следат“, изјави Иван Џонов во пресрет на денешниот натпревар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Прилеп6
2РК Пролет 625
3МРК Куманово4
4РК Струга3
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести